Скандал на повидок, навредените Косовци ќе го бојкотираат мечот со Шпанија?

Натпреварот од квалификациите за СП 2022, помеѓу Шпанија и Косово кој треба да се игра на 31 март во Севилја, предизвикува проблем кој не е спортски. Познато е дека Шпанија не го признава Косово, па нашите соседи ги нарекува „територија Косово“, но шпанската влада прифаќа да ги прими гостите кои ќе дојдат со пасоши кои не ги признаваат.

Сепак, од шпанската фудбалска федерација објавија дека на гостите нема да им биде интонирана химната или нема да биде претставена како химна на Косово, а и знамињата нема да може да бидат едно до друго.

Од фудбалската федерација на Косово се разочарани, и најавуваат дека не прифаќаат условувања. Косовците велат дека како членка на ФИФА и УЕФА и имаат истите права како другите, а ако не им бидат дозволени знамето и химната, нема да излезат на терен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести