На Светското првенство во футсал во Узбекистан се случи скандал при крајот на натпреварот од групната фаза меѓу Иран и Франција. За Французите, поради одредени калкулации, поразот беше посакуван бидејќи со тоа ќе избегнеа дуел против Бразил во следната фаза.
🇫🇷 France GK trying REALLY hard to save that shot 😅😭#FutsalWC pic.twitter.com/kU2tCzbA77
— Ta L. (@talao_) September 22, 2024
Натпреварот заврши со победа на Иран од 4-1, а при еден од головите, францускиот голман Тибо Гарос буквално намерно ја избегна топката, дозволувајќи таа да заврши во мрежата.
Во следната фаза Франција ќе игра против Тајланд.