Четворица кинески репрезентативци се под истрага за местење на натпреварот меѓу нивната репрезентација и Иран во четврт-финалето на Азискиот куп, кој е во тек.
Си Ву, Ксијао Фенг, Ке Ши и Јунмин Хао се под сомнение дека ставиле голема сума пари во обложувалница на триумф на нивниот ривал, Иран.
Првите двајца направија катастрофални грешки во првиот половина час, а Иранците само ги искористија подароците од Ву и од Фенг, па без мака поведоа со 2-0.
Селекторот на Кина, Марчело Липи, по мечот си замина од позицијата, а веднаш по утките на Ву и Фенг ги замени уште во текот на првиот дел. Нивните грешки беа почетнички, што ја покрена истрагата.
Погледнете ги грешките на двајцата кинески репрезентативци и сите голови на мечот Иран – Кина.