Скандал: Судијата се радуваше на голот што го прими Реал, а потоа не досуди пенал за Кралевите

Реал Мадрид загуби од Сосиедад во Мадрид со 0-2, а дуелот го одбележа судиската одлука да не биде досуден пенал за домаќините при негатива од еден гол. Во една ситуација, голманот на Соседад направи фаул врз напаѓачот на Реал, но судијата сепак реши дека нема услови за пенал. Арбитерот дури не сакаше да се консултира со системот ВАР, кој во Шпанија е дозволен од оваа сезона.

Од Реал потенцираа дека судијата Хозе Луис Мунуер Монтеро, кој реши дека нема пенал за Реал во дуелот со Сосиедад, всушност веќе се докажал како човек кој не го сака мадридскиот гигант. Токму овој судија бил во собата со системот ВАР кога Реал Мадрид на свој терен загуби од Еибар со 0-3. Тогаш Гонзало Ескаланте даде гол, кој беше поништен поради офсајд, но по асистенција на системот ВАР голот беше признат. Судијата Монтеро, кој бил во ВАР-собата, се израдувал на одлукат голот за Еибар да биде признат.

https://youtu.be/qhcNcOTn71g

Сега, тој судија не сакаше ниту да помисли да се консултира со системот ВАР, кој можеше да потврди дека требаше да биде досуден пенал за Реал Мадрид. По поразот од Сиседад, Кралскиот клуб сега заостанува 10 бода зад лидерот Барселона.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести