Џабе ВАР систем во Шпанија, Реал е оштетен (Видео)

Реал Мадрид го претрпе шестиот пораз сезонава, со што се израмни по бројот на поразите во текот на целата ланска сезона. Минатата година со шест порази Реал не ни можеше да се надева на титулата, а сега уште е првиот дел од сезоната, а веќе има шест неуспеси.

Реал Сосиедад за прв пат по 2004 година стигна до победа на „Сантијаго Бернабеу“, победувајќи со 2:0. Гостите првиот гол го дадоа од пенал. Според многумина, Реал на овој меч беше оштетен, бидејќи во една спорна ситуација, судијата можеби требаше да досуди пенал и за домаќините.

Иако во Шпанија се користи ВАР системот, судијата реши да не побара помош од техниката. Реал не доби пенал, а потоа прими и втор гол за разочарување на фановите во Мадрид.

Спорната ситуација за тоа дали Реал требаше да добие пенал или судијата исправно процени дека немаше пенал. Сами проценете.

https://streamable.com/hfb61

- Оглас -

Најнови вести