Фудбалскиот сојуз на Боливија одлучи да ги прекине првенството и Купот на оваа земја на неодредено време поради сомнежи за местење на натпревари. Пред една седмица беа објавени прислушкувани разговори за незаконско влијание на фудбалските натпревари, па Управниот одбор на Сојузот со 14 гласа за и еден против донесе одлука да го суспендира фудбалот.
Во моментов во тек е истрагата и се повикуваат на информативни разговори фудбалери, тренери, судии, менаџери и службени лица од клубовите.
Од КОНМЕБОЛ побараа од Фудбалскиот сојуз на Боливија доколку не продолжи првенството, да организираат турнири назима и напролет со цел земјата да добие шампион и да може нејзините клубови да настапуваат во фудбалските купови на Јужна Америка.