Голем скандал се случи во Финска, каде што повеќе од 100 лица се осомничени за местење натпревари и обложување со цел нелегално да заработат пари.
Според локалните медиуми, ова се однесува на сите клубови што се натпреваруваат во Ф-лигата. Ова прв го истакна Јуоко Иконен за МТВ Урхеилу. Иако во текот на летото беше објавено дека околу десетина лица се вклучени во овој скандал, станува збор за многу повеќе луѓе, што е поразително за скандинавската земја.
„Постои голема разлика во износите на плаќањата, од едно евро до неколку стотици или дури и илјадници евра“, изјави Јоуко Иконен, раководител на истрагата во Финскиот центар за спортска етика, за МТВ Урхеилу.
Според еден од телевизиските канали во таа земја, лице на раководна позиција уплатило повеќе тикети во текот на претходната сезона. Имало и обложувања на лица кои се раководни во клубовите и тоа биле обложувања дека нивниот тим ќе изгуби.