Скандал во Грција: Четворица репрезентативци не играа против Гибралтар поради грешка на Фудбалскиот сојуз

Репрезентацијата на Грција во септемврискиот прозорец одигра два квалификациски натпревари со половичен ефект од еден пораз на гости кај Холандија со 3-0 и домашна победа над Гибралтар од 5-0.

Токму дуелот против Гибралтар предизвика голем скандал во грчкиот фудбал бидејќи четворица фудбалери не настапија на овој дуел поради грешка на Фудбалскиот сојуз. Се работи за фудбалерите Цимикас, Манталос, Курбелис и Сиопис, коишто не играа на дуелот против Гибралтар наводно поради суспензија поради жолти картони.

Сите четворица имаат по два жолти картони и планот на селекторот Густаво Појет беше тие да ги исчистат картоните за да може да настапат на дуелите против Ирска и Холандија во октомврискиот прозорец, но во Грчкиот сојуз не знаеле дека се паузира со три, а не со два жолти картони.

Ваквата информација воопшто не му се допаднала на селекторот Појет, кој за ова дознал по мечот, а Грчкиот фудбалски сојуз сега е на удар на силни критики од нивната спортска јавност.

- Оглас -

Најнови вести