Скандал во Неапол, Гатузо го избркал Елмас од тренинг!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас предвреме го завршил вчерашниот тренинг на Наполи, и тоа под казна бил испратен во соблекувална затоа што според тренерот Џенаро Гатузо, не се залагал доволно. Ова го објавија некои италијански медиуми.

Гатузо често тренира строгост врз нашиот Дијамант, но ова е првпат да постапи на ваков некоректен начин. Гатузо сметал дека Елмас нема „проактивно однесување“ на тренинг и решил среде тренинг да го отстрани, а има најава дека Гатузо нема да застане тука, туку нема да го стави Елиф на листата на кандидати за настап на утрешниот натпревар против Лацио.

Треба да се каже и дека ова не е првпат Гатузо да брка играч од тренинг, па Елмас и не треба ова да го сфаќа премногу лично. Во последните две сезони, иста судбина имаа и Алан, Гулам и Марио Руи.

Во меѓувреме, се шпекулира дека во следната сезона Наполи ќе има нов тренер, и тоа Лучијано Спалети. Се чини дека во ситуацијава, најдобро за Елмас е кој било да биде тренер, само да не остане Гатузо. Во спротивно, по ЕП ќе треба да си оди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести