Бугарија и Црна Гора одиграа 1-1 во првиот меч од групата А од квалификациите за Европското првенство 2020 година, а балканскиот дуел го одбележа неверојатен судиски превид. Во 82 минута, при 1-0 за Црна Гора, Јововиќ го фаулираше Костов на можеби еден метар надвор од казнениот простор, но судијата покажа на белата точка. Тодор Неделев го искористи подарокот и изедначи на 1-1, што се покажа како конечен резултат.
Бугарите и Црногорците се во многу тешка група со Чешка, Англија и Косово. Црна Гора поведе после убава соло акција на Стефан Мугоша, па гостите може да бидат понезадоволни од конечниот резултат.
Потешка повреда на коленото здоби Ивајло Чочев, кој беше пренесен во болница. Чочев е соиграч на Несторовски и Трајковски во Палермо.
Погледнете каде беше направен фаулот за пенал:
Ова е голот на Црна Гора за водство: