Скијачот се вљуби во секси девојката која му втрча пред целната рамнина (Фото)

Италијанскиот скијач Алекс Винатзер заврши на шестото место на  слаломот во австрискиот Шладминг, но се најде во центарот на вниманието и тоа не по негова заслуга. Атрактивната Кинсли Волански, која се прослави откако втрча на теренот во финалето на Лигата на шампионите во Мадрид, овојпат имаше свое шоу на скијачките патеки.

Волански беше на зимување во Австрија, а еден момент реши да покаже дека уште знае да биде и тоа како во центарот на спортските настани. За време на трката во Шладминг, Волански во еден момент разголена втрча на целната патека, и тоа токму во моментите кога своето возење го завршуваше Винатзер. Најновата акција на убавата Кинсли може да ја видите ТУКА.

Првичното време на италијанскиот скијач покажа дека е прв со 56 стотинки подобро време од водечкиот, но сепак тоа беше времето активирано од втрчувањето на девојката на целната рамнина. Компјутерот за брзо време се исправи и Винатзер всушност имаше заостанување за 13 стотинки во однос на водечкиот скијач, а на крајот заврши како шести. Победник на трката беше Норвежанецот Кристоферсен.

По завршување на трката, италијанскиот скијач воопшто не беше лут на Волански. Напротив, Алекс на својот инстаграм-профил стави две фотографии, а на едната беше прегрнат со Кинсли, а во описот стоеше: „Изгледа дека имам нова девојка. Шесто место во Шладминг и веројатно една од најубавите фотографии направени од финиш на трка. Шладминг, прекрасно беше“.

На ова свој коментар остави и Кинсли, која на Алекс му напиша: „Те сакам“.

 

- Оглас -

Најнови вести