Скок за историја: Чудесниот Германец успеа за 10 метри да ја „прелета“ скокалницата (Видео)

На тимското натпреварување во ски-скокови во полска Висла, германскиот натпреварувач Андреас Велингер го имаше еден од најдобрите скокови во историјата. Велингер беше дел од четвртаа серија и имаше неверојатен скок од 144,5 метри.

Ако се знае дека големината на оваа скокалница во Висла е на 134 метри, тоа значи дека Велингер имал скок поголем за дури 10 метри. Критичната точка на скокалницата е на 138 метри, а секој скок над таа далечина е критичен дека може да има пад при доскокот.

Освен Велингер, одличен скок имаше и Словенецот Анже Ланишек кој скокна 137 метри и со тоа го сруши рекордот на скокалницата. Сепак, рекордот на Ланишек траеше само до појавувањето на Велингер кој имаше нестварен скок.

Словенците беа најуспешни на ова натпреварување и вкупно освоија 753,5 поени. Втори беа Австриците, а Германија го освои третото место.

- Оглас -

Најнови вести