Сколс: Манчестер јунајтед може да освои четири трофеи сезонава!

Пол Сколс е вистинска играчка легенда на Манчестер јунајтед. Фудбалерот кој во 1991 година дојде во школата на гигантот од „Олд Трафорд“, во 1993 година дебитираше за првиот тим и остана во дресот на Црвените ѓаволи до крајот на неговата кариера во 2013 година.

Преку 700 меча одигра Сколс за Манчестер јунајтед, а се радуваше на 11 титули во Премиер лигата, може да освои четири трофеи сезонава, три во ФА Купот, две во Лига купот, пет во Комјунити шилд, како и две во Лигата на шампиони и по еден пехар во Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство.

Со 25 трофеи во кариерата, Сколс секогаш е полн со оптимизам, па така и сезонава тој верува дека Манчестер јунајтед може да освои четири трофеи.

„Екипата продолжува со настапи во сите натпреварувања и секако дека постојат шанси да ги освои сите тие трофеи. Воопшто не се шегувам со ова“, рече Сколс.

Манчестер јунајтед ќе игра во финалето на Лига купот против Њукасл, добро напредува во ФА Купот, а во Лигата на Европа одигра одличен прв меч против Барселона на гости и има адут пред реваншот на „Олд Трафорд“. Во Премиер лигата, Манчестер јунајтед заостанува пет бода зад лидерот Манчестер сити и Арсенал кој има одиграно и меч помалку.

Во 1999 година, Манчестер јунајтед освои тројна круна кога во витрините на „Олд Трафорд“ пристигнаа трофеите од Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести