Мајк Скот имаше циркуска акробација во обид да ја спаси топката од аут, а потоа ги насмеа гледачите во „Fiserv forum“ во Милвоки на дуелот што неговиот тим Филаделфија 76 го доби со 130:125.
Резервата на гостите заврши во првите редови од салата, а потоа направи неочекуван потег, си ја позајми пијачката од жена во публиката и се освежи, па веднаш се врати на теренот.
Скот го заврши мечот со 6 поени и 7 скока, а потегот му беше несекојдневен и веднаш се најде на социјалните мрежи. Со него во фокусот беа двете Олстар-ѕвезди, Јанис Адетокумбо со 52 поени и 16 скокови кај Милвоки и Џоел Ембид, центарот на Филаделфија, со 40 поени и 15 скока.
Mike Scott came to Milwaukee for the beer. pic.twitter.com/kfEOcgqn68
— Jeff Eisenband (@JeffEisenband) March 17, 2019