Скромна казна: Винисиус се спаси од долга суспензија за удирањето на Столе Димитриевски

Дисциплинската комисија на Ла Лига ја одреди казната за Винисиус, за удирањето на македонскиот голман, Столе Димитриевски, на мечот Валенсија – Реал Мадрид, кога бразилскиот интернационалец заработи директен црвен картон.

Бразилецот ќе паузира два натпревари, но суспензијата нема да важи за натпреварите од Супер купот и ќе мора да ја одлежи на следните два натпревари од Ла Лига, против Лас Палмас и Ваљадолид. И покрај минималната казна, од Реал Мадрид најавија жалба за оваа одлука и ќе бараат намалување или комплетно укинување, бидејќи според нив, Столе Димитриевски го испровоцирал инцидентот.

Освен суспензијата од два натпревари, Винисиус ќе мора да плати и 600 евра казна за црвениот картон, додека Реал Мадрид е казнет со 700 евра за протестите од клупата.

- Оглас -

Најнови вести