Скубе за ЕХФ: Вардар знае како се игра фајнал фор

Сташ Скубе вели дека Вардар нема што да загуби на Ф4 турнирот во Келн, а потенцира дека „црвено-црните“ како постојани учесници во последните три години веќе знаат како е да се игра и да се освојува титулата во „Ланксес арената“.

И токму со победи против Барселона и Пари Сен Жермен, македонскиот првак пред две години ја освои европската круна, минувајќи го веројатно и најтешкиот пат во историјата на Ф4 турнирите, победувајќи ги најтрофејниот клуб Барселона и најскапата екипа на планетата ПСЖ.

„Барселона и сега е фаворит, но Вардар знае како е да се игра на фајнал фор турнир и да се освои титулата. Ќе имаме тешка задача против најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната. Сепак, во Келн ќе има специјални мотиви и секој од четирите клуба има шанси за титулата“, изјави Скубе за ЕХФ.

Словенецот игра одлична прва сезона за Вардар, успешно го замени Циндриќ и брзо стана миленик на навивачите на кои при срце им се црвено-црните бои.

Вардар во полуфиналето ќе игра против Барса, а вториот полуфинален меч е меѓу Веспрем и Кјелце.

- Оглас -

Најнови вести