Слаб ни е клупскиот рејтинг, Македонија е 39-та во Европа

Македонија остана на 39-тото место на клупската ранг-листа на УЕФА, што е скромен рејтинг на нашите екипи кои нè претставуваат на европската сцена.

По Вардар, кој играше во фазата по групи во Лигата на Европа како историско достигнување за нашиот фудбал и донесе доста поени, сега има застој и слаб ефект од настапот на клубовите, па Македонија е при дното во Европа.

Интересно е што пред нас е Лихтенштајн, земја што нема професионална лига, па на пример Вадуз, како најистакнат клуб од оваа земја игра во Швајцарија.

УЕФА има 55 членки, а дел од нив имаат аматерски лиги, или како Лихтенштајн воопшто немаат натпреварување.

Сезонава во Европа нè претставуваат Силекс во Лигата на шампионите и Шкендија, Ренова и Шкупи во Лигата на Европа, а секој успех, победа, бод се значајни за подобрување на рејтингот на клупскиот фудбал.

Прва е Шпанија, а во Топ-5 се и земјите што имаат лиги во Топ-5. Англија е на второто место, Германија е зад нив, а петката ја заокружуваат Италија и Франција.

- Оглас -

Најнови вести