Слаб учинок во 12-тото коло на Спортска прогноза

Само еден прогнозер од вкупно 1.317 кои учествуваа во 12-тото коло успеа да погоди девет парови. Меѓутоа, тоа не му носи никаква награда, па затоа ова коло на Спортска прогноза е со слаб учинок.

Се чини дека репрезентативната пауза како да ги извади од колосек прогнозерите, па затоа при враќањето на клупскиот фудбал има доста утнати натпревари. Сепак, ќе има нова шанса за поправање, уште денеска по 14 часот ќе има нови 13 парови на Спорстка прогноза преку кои ќе можете да стигнете до посакуваната награда, iPhoneXS.

Што се однесува за Генералниот пласман, таму уште се води мртва трка, но еден прогнозер за нијанса се дели од останатите. Петре е лидер со 84 погодени парови, зад него со 83 се Филип, Владимир, Васко и Дејан во топ 5. Уште тројца прогнозери имаат по 82 погодени пара, а за топ 10 конкурираат местата од 9-то до 13-то со по 81 пар.

Во 14 часот ќе има ново коло на Среќна 13-ка, а со новите 13 парови ќе имате нова шанса да дојдете до примамливите награди. Затоа играјте Спортска прогноза и не губете надеж.

 

- Оглас -

Најнови вести