Екипата на Барселона во претстојната сезона ќе има моќен состав кој ќе се бори за трофеите на повеќе фронтови, а за да успеат во тоа, ќе им треба квалитетна клупа која неспорно ќе ја имаат.
Според имињата, и вториот тим на Барса би се борел за титула во шпанската лига, а тоа се играчи кои ќе играат само ако некој од „Гала 11-ката“ биде повреден или нема да може да игра од други причини.
Во идеални услови, тренерот Ханси Флик како стартери би ги ставил Жоан Гарсија, Кунде, Кубарси, Ињиго Мартинез, Балде, Де Јонг, Педри, Олмо, Јамал, Рафиња и Левандовски.
Нивни алтернативи се Шченсни, Ерик Гарсија, Араухо, Кристенсен, Мартин, Касадо, Гави, Фермин, Бардџи, Рашфорд и Феран Торес. Ако на ова се додадат и третиот голман Пења, и некои млади како Форт, Бернал, Дро, навистина ќе имаат богат избор.