35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Славен клуб од Рио му нуди богат договор на Робен

Поранешниот холандски репрезентативец Арјен Робен во јули минатата година реши да стави крај на неговата играчка кариера, последниот меч го одигра во мај, но понудата која ја има од бразилскиот клуб Ботафого можеби ќе го премисли и тој повторно ќе се појави на фудбалските терени. Робен, кој има 36 години, изминатата деценија го носеше дресот на Баерн Минхен.

Потпретседателот на Ботафого, Рикардо Ротенберг, рече дека му понудиле договор и Робен бил задоволен од понудата, па ако одлучи повторно да заигра, веројатно ќе потпише за Ботафого, кој му нуди четирипати повеќе пари од кој било друг клуб.

Крилото Робен кариерата ја почна во Гронинген, играше и за ПСВ Ајндховен, Челзи и Реал Мадрид, пред да заврши во Баерн. Менаџерот кој го однесе Кеисуке Хонда во Ботафого сега е вклучен како посредник и во обидот во клубот да биде ангажиран и Робен. Ботафого се интересира и за Африканците Јаја Туре и Џон Оби Микел.

- Оглас -

Најнови вести