Славеникот Харден ја фрли роденденската торта во океанот, а вреди 10.000 долари (видео)

Џејмс Харден, ѕвездата на Филаделфија севентисиксерс, вчеравечер го славеше својот 33-ти роденден со приватна луксузна забава на јахта.

Прославата излезе надвор од контрола кога славеникот ја зеде роденденската торта која вреди дури 10.000 долари, и ја фрли во океанот. Никој од гостите не стигна да проба каков вкус има торта од 10 илјади долари, а Харден го направи тоа како да е евтина шега.

Јавноста упати критики до кошаркарот, но дел од навивачите на Филаделфија се пошегуваа дека Харден конечно сериозно ја сфати работата и пази на исхраната.

https://twitter.com/WhistleSports/status/1563251914103730176

- Оглас -

Најнови вести