Славиме ПРВ роденден: Успеавме да ги споиме спортот, обложувањето и среќата

Викендот е како создаден за сите љубители на обложувањето и правење добитни тикети. Сигурно така ќе биде и денес и утре. Многу натпревари, огромна понуда во Sport Life и дилема кои се вистинските прогнози за добивка. Сепак, овој викенд по едно нешто е различен. Денеска Спорт Манија го слави првиот роденден.

Обложувањето и спортот беа главниот мотив точно пред една година да го создадеме првиот и засега единствен портал кој ви нуди две задоволства во едно. Спорт Манија е место каде што може да се информирате за сите најважни спортски настани во светот и кај нас, но и место каде што ќе ги дознаете сите корисни информации при составувањето тикети во Sport Life.

МНОГУ ИНФОРМАЦИИ, МНОГУ ДОБИТНИ ТИКЕТИ, МНОГУ ПОДАРОЦИ ЗА НАЈДОБРИТЕ

Во изминативе 365 дена можевте да прочитате повеќе од 13 500 различни вести од сите спортови. Фудбал, кошарка, тенис, одбојка, но и хокеј, бокс, ватерполо и сите останати спортови кои ги има во понудата на Sport Life, беа и на понудата на нашиот портал. Покрај вестите, секојдневно ви нудиме тикети кои многупати се покажаа како добитни или, пак, како што секој страстен обложувач знае да рече: „само една ме зезна“.

Освен нашите прогнози, можевте да ги следите и прогнозите на докажаните спортисти Ѓорѓи Христов, Александар Васоски, Панче Ќумбев, Војдан Стојановски… Најважно е тоа што сите читатели на Спорт Манија имаат шанса да ги кажат своите предвидувања за тоа како ќе завршат дерби-мечевите кои се најактуелни во светски рамки. Оние коишто се најбрзи и ќе го погодат резултатот, добиваа ваучери од Sport Life. За да бидете дел од овие типувања, треба да ја следите нашата фејсбук-страница Спорт Манија.

ПО МНОГУ ГОДИНИ ПАУЗА, ПОВТОРНО СЕ ВРАТИ СПОРТСКА ПРОГНОЗА

Со Спорт Манија и Sport Life по долги години, повторно заживеа популарната Спортска прогноза. Постарите многу добро се сеќаваат што значеше Спортската прогноза за сите љубители за обложувањето, додека помладите може да ги испробаат своите знаења во обидот да стигнат до Среќна 13-ка, и тоа бесплатно.

Во првата сезона на Спортска прогноза беа доделени мобилни телефони, многу ваучери за најуспешните во секое коло. За најуспешните петмина во Генералниот пласман следуваа: електричен тротинет, велосипед и ваучери од по 1.000 денари во Sport Life. 

Новата сезона на Спортска прогноза веќе започна, денеска до 15:30 часот имате можност да бидете дел од второто коло. За да прогнозирате на новите 13 меча, кликнете на Спортска прогноза.

ИЗРАДУВАВМЕ МНОГУ ЧИТАТЕЛИ, ВО НОВАТА СЕЗОНА ДОБИВКИТЕ ЌЕ БИДАТ УШТЕ ПОВРЕДНИ

Едноставно, Спорт Манија е уникатно место каде што покрај добивањето спортски информации, имате совети и од светот на обложувањето, но и место каде што без никакво вложување, може да добиете вредни добивки. Во наредните 365 дена ветуваме уште поголем број изненадувања и добивки без никакво вложување. Сè што треба да правите, е да читате Спорт Манија.

Денеска роденденски доделуваме 25 ваучери во вредност од по 200 денари во Sport Life. Отворете Спорт Манија на „Фејсбук“ и видете кој е мечот на којшто треба да го погодите точниот резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести