Тротинетот заврши како роденденски подарок во Куманово, велосипедот ќе го вози Дарко

Првата сезона на Спортска прогноза, која повторно ја „оживеаја“ Sport Life обложувалниците, најмногу ги израдува Бобан Јаќимовиќ и Дарко Крстев. Тоа се двајцата прогнозери кои завршија на првите две позиции во Генералниот пласман и беа добитници на главните подароци. Бобан се поднови со нов MI Електиричен тротинет, додека Дарко ќе вози нов велосипед Capriolo Passion Men. Двајцата најдобри прогнозери не очекувале дека може да бидат меѓу добитниците, меѓу вкупно 1 620 прогнозери кои барем еднаш се обидоа да дојдат до вредните подароци кои ги нудевме и во секое поединечно коло.

Бобан, кој живее во Куманово, е шампионот со 117 поени по 17 одиграни кола во пролетниот дел од Спортска прогноза. Тој беше изненаден, но и среќен дека се покажал како најдобар во една таква конкуренција во пролетниот дел.

„Многу интересна игра. Од првото коло почнав да ја играм Спортска прогноза, но немав прецизен увид во Генералниот пласман. На неколку кола пред крајот, забележав дека сум меѓу водечките 5-6 прогнозери, а во последното коло имав одлична интуиција и успеав да погодам 11 натпревари, што беше доволно да завршам како најдобар. Редовно играм во обложувалниците на Sport Life, а кога правев тикети за мечевите од викендите, секогаш одвојував време и да одиграм Спортска прогноза“, вели Јаќимовиќ.

МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН ИЗБЕГА ЗА МАЛКУ, НО ТУКА Е ТРОТИНЕТОТ

Уште во есенскиот дел од Спортска прогноза, Јаќимовиќ за малку не освоил мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018, но затоа сега е добитник на MI Електиричен тротинет, кој ќе биде како подарок за роденденот на ќерката која полни 10 години.

„Само што започна Спортска прогноза, во почетните кола имав 11 погодени од 12 можни. Челзи на свој терен одигра нерешено и тој кикс на лондончани беше причина да немам перфектно коло кога се доделуваше мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018. Мобилниот телефон избега за малку, но ете успеав да го освојам тротинетот. Интересно е што деновиве се подготвуваме да го прославиме 10-тиот роденден на ќерката, која самата рече дека гледала како се возат електрични тротинети и самата изрази желба токму таков тротинет за роденденски подарок“, открива Бобан.

СО РЕДОВНО ИГРАЊЕ ДАРЕ СТИГНА ДО ВЕЛОСИПЕДОТ

Веднаш зад шампионот Бобан, на второто место во Генералниот пласман на Спортска прогноза заврши Дарко Крстев од Кисела Вода. Тој имаше 111 поени во пролетниот дел, доволно за второто место, кое му донесе велосипед Capriolo Passion Men.

„Спортска прогноза е одличен начин за забава и за следење на мечевите во текот на викендот. Sport Life секогаш прави одлични дополнителни игри за обложувачите. Постојано типувам и на фејсбук-профилот на Спорт Манија за конечните резултати на интересните мечеви, каде што се добиваат ваучери. Што се однесува до Спортска прогноза, започнав да ја играм од првото коло и веднаш бев меѓу најдобрите. Немав некоја тактика за играње. Во ниту едно коло немав шанса за освојување ваучер, но константно бев меѓу подобрите и на крајот сум презадоволен од освоениот велосипед“, вели Дарко, кој бил и активен фудбалер бидејќи 12 години тренирал во Цементарница.

Двајцата најдобри прогнозери од минатата сезона се согласија дека Спортска прогноза е една одлична игра која бесплатно нуди можност за забава, но и за добивка без никаква мака.

Втората сезона на Спортска прогноза ќе стартува во период кога ќе стартуваат и новите првенства во најсилните лиги во Европа.

- Оглас -

Најнови вести