Славниот италијански фудбалер, Чиро Имобиле, по една година во турското првенство е пред враќање во татковината. Тој минатото лето направи трансфер од Лацио во Бешикташ, но се чини дека турската авантура ќе трае само една година.
Имобиле ќе добие раскин на договорот, иако беше еден од најдобрите фудбалери на Бешикташ минатата сезона. За него има интерес од Болоња, екипа која заврши на деветтото место во Серија А, но го освои Купот на Италија, откако во финалето го совлада Милан, па се избори за место во групната фаза од Лигата на Европа.
Имобиле во својата богата кариера настапуваше за Соренто, Салернитана, Јувентус, Сиена, Гросето, Пескара, Џенова, Торино, Борусија Дортмунд, Севиља, Лацио и Бешикташ.