Славниот клуб испадна од Купот, па навивачите збеснаа: Фрлаа со факли по играчите и се тепаа со полицијата (Видео)

Сезоната со лоши резултати за францускиот гигант Олимпик Марсеј продолжи со елиминација од Купот. Синоќа на својот „Велодром“ во Марсеј, Олимпик испадна во четвртфиналето откако Тулуз беше подобар, и тоа по изведување на пенали.

Домашниот тим добро го започна мечот и поведе со 1:0, но гостите брзо израмнија. Во второто полувреме повторно Олимпик даде гол за 2:1, но Тулуз не се предаде и израмни на 2:2, па победникот мораше да се решава со изведување на пенали. Во пенал-рулетот домаќините промашија два од петте пенали и загубија со 3:4.

По завршувањето на мечот, домашните навивачи едноставно не можеа да се помират со фактот дека Олимпик Марсеј е елиминиран и започнаа нереди на трибините. Навивачите започнаа да фрлаат факли кон домашните играчи, а дел од оние кои беа на трибините успеаја да го пробијат полицискиот кордон, па започна тепачка.

- Оглас -

Најнови вести