Следната дестинација на Осимен ќе биде Лондон?

Најголемиот трошаџија во фудбалот во последната година, Челзи, за идното лето подготвува спектакуларен трансфер, планира да понуди 120 милиони евра за Виктор Осимен од Наполи, објавија англиските медиуми.

Според медиумите, во Челзи сметаат дека токму со Осимен ќе ги решат проблемите со реализацијата. Сезонава Челзи постигна само 22 гола на 13 меча, иако сопственикот на Сините, Тод Боли, годинава потроши повеќе од 200 милиони евра за нови напаѓачи, како Михајло Мудрик, Кристофер Нкунку, Николас Џексон, Нони Мадуеке, кои засега не ги оправдуваат средствата.

Наводно, Осимен нема ништо против да се пресели во Челзи бидејќи негова желба е да заигра во Премиер лигата.

Осимен е под договор со Наполи до 30 јуни 2025 година. Нигериецот кој во Наполи пристигна во 2020 година од Лил, сезонава одигра 11 натпревари и постигна шест гола.

- Оглас -

Најнови вести