29.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Следниот противник на Ивановски памети тежок пораз од Македонецот

Калин Ивановски утре во 12 часот ќе се бори за пласман во четвртфиналето на јурниорскиот Вимблдон, што за него би било најголем успех во кариерата.

По денешниот триумф над Мендес, Калин го дозна следниот противник. Тоа ќе биде осмиот носител на турнирот, Литванецот Едас Бутвилас.

Ивановски во минатогодишното издание на јуниорскиот Вимблдон играше против Бутвилас во второто коло. Го доби по два сета со 7-6, 7-6 по речиси двочасовна битка за осминафиналната рунда.

Овојпат се среќаваат во топ 16 фазата, а подобриот ќе се најде меѓу најуспешните осум млади тенисери. Нормално, посакуваме тоа да биде нашиот Калин.

- Оглас -

Најнови вести