Македонија е во очекување на мечот против Белгија од квалификациите за Светското првенство, а во понеделник ни следува далечно гостување во Астана против Казахстан.
Поранешната советска република е слободна ова коло, па првиот термин од јунскиот прозорец го искористи да одигра пријателски меч против Белорусија во Борисов, кој заврши неславно за нив.
Белорусија победи со 4-1, откако на полувремето имаше водство од 2-0, а веќе во 50-тата минута и 3-0. Кенжебек беше стрелец на единствениот гол за Казахстан во 74-тата минута, а на пет минути до крајот беа поставени и конешните 4-1.