Следува најневажниот меч за фудбалската репрезентација на Македонија во историјата

Неславно помина гостувањето во Копенхаген за македонската фудбалска репрезентација. Поразот од 4:0 беше највисок од сите европски бараж дуели кои се играа за пласман на Светско првенство, но и неуспесите се составен дел од спортот кој е многу динамичен, па нема многу време за анализи, туку фокусот треба да биде насочен кон тоа што следува.

А следува ново гостување на Македонија и тоа во Даблин против Република Ирска. Ова ќе биде меч на двете поразени селекции во баражот за пласман на СП 2026. Едноставно дуел кој сигурно никој не го посакуваше, не го ни очекуваше, но сепак мора да се одигра.

Средбата која ќе биде на стадионот „Авива“ во Даблин нема да има апсолутно никакво резултатско значење, ниту претходно имавме договор да играме со Ирците, а со гостувањето во Даблин ќе се заокружи и циклусот наречен Квалификации за СП 2026, каде нашите шанси се исчезнати, па едноставно ова може да се означи како најневажниот натпревар во историјата на фудбалската репрезентација.

Ако нашите фудбалери се разочарани што нема да играат на СП 2026, Ирците се буквално во нокаут. Тие водеа со 2:0 на гости во Чешка, но на крајот резултатот беше 2:2, а на пенали загубија и беа елиминирани. Можеби токму овој психолошки момент каде Ирците се „патосирани“, може да биде мотив за нашите фудбалери да се обидат да направат изненадување во Даблин и конечно по пауза од четири години да победиме некој ривал кон не само што е во Топ 100 на ФИФА листата, туку е и пред нас на рангирањето.

Македонија и Ирска досега имаат одиграно шест меча а противникот е мнгоу поуспешен. Ирците имаат четири победи, еднаш беше нерешено, а само еднаш победила Македонија и тоа беше легендарниот дуел на „Градски“ во Скопје кога на 2 април 1997 година беше 3:2 за нашата репрезентација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести