19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Слеп човек истрча полумаратон (Видео)

Томас Панек стана првиот слеп човек кој истрчал полумаратон со помош на истренирани кучиња. Овој подвиг беше направен на полумаратонот во Њујорк, а подготовките на Томас и трите кучиња за трката траеле три месеци.

„Со ова сакав да ги охрабрам луѓето да трчаат, без разлика дали имаат хендикеп како мојот. Целта беше да покажам колку е важно здравјето“, изјави Панек, кој го загубил видот кога имал 20-тина години. Процесот бил постепен и кога наполнил 26 години, веќе бил целосно слеп.

Тој патеката ја мина благодарение на кучињата кои му помогнаа.

„Пред пет години ова се сметаше за некакво табу и спротивно на правилата да се трча со истренирани кучиња. Се сметаше дека кучињата  не може да донесат правилни одлуки и дека ќе им пречат на останатите тркачи во трчањето“, велат од организацијата „Очи за слепите“, која им помага на слепите лица.

https://twitter.com/i/status/1107961629151383552

- Оглас -

Најнови вести