Слимани бара прекин на договорот со Фенербахче, Лестер не го сака назад

Ислам Сломани се најде во незгодна ситуација, откако побарал од раководството на Фенербахче спогодбено да се прекине договорот за позајмица од Лестер, но „лисиците“ не го сакаат назад.

Клод Пуел изјави дека не му треба алжирскиот репрезентативец во Лестер, бидејќи има доволно квалитетни напаѓачи. Слимани е соиграч на Елиф Елмас, а одигра скромна полусезона со само 4 постигнати погодоци на вкупно 20 меча во сите конкуренции и само еден од нив е во турското првенство.

Ислам пристигна во Истанбул летоска, како позајмен играч од Лестер, но не ги оправда очекувањата на челниците на Фенербахче. Сега е ниту на небо, ниту на земја, бидејќи на сопствено барање ќе си замине од редовите на турскиот гигант, а во клубот чиј член е, англиски Лестер, не го сакаат назад.

- Оглас -

Најнови вести