Слободен викенд за Нејмар, Тухел не сака да ризикува

ПСЖ вечерва (21 часот) го пречекува Нант на „Паркот на принцовите“ во рамките од 19. коло во Лига 1. „Светците“ ќе сакаат да ја вратат победничката форма откако ремизираа на последните два меча од шампионатот во Франција. До посакуваниот позитивен резулатат ќе треба да се потпрат пред се на офанзивните квалитети на Кавани и Мбапе, бидејќи Нејмар има слободен викенд и е во Бразил.

Најскапиот светски фудбалер нема да настапи вечерва, а тренерот Томас Тухел вели дека е неопходно Нејмар да одмори и да не ризикува да обнови било каква повреда.

„Нејмар сака да игра на секој меч, било тоа дали играме против Орлеан или Нант. Но, во овој период треба да бидеме паметни и да не ризикуваме било какви непосакувани повреди. Да игравме финале или пак важен меч против тежок противник, Нејмар ќе беше на теренот, но во овој случај решивме да му дадеме неколку дена слободни за да остане свеж за остатокот од сезоната. Токму затоа тој е во Бразил“, истакна Тухел.

Нејмар сезонава е во извонредна форма. На 12 натпревари во Лига 1 досега бележи учинок од 11 погодоци и шест асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести