Слоновите во нотингемската шума го фатија Челзи на спиење (Видео)

Нотингем форест и Челзи одиграа 1-1 во последниот денешен премиерлигашки меч. Голот за Челзи го даде Рахим Стерлинг, негов прв погодок од август наваму, а изедначи снаодливиот играч од Брегот на слоновата коска, Серж Орие, по асистенција на сонародникот Вили Боли.

За Челзи заврши серијата од седум победи по ред во меѓусебните дуели со Шумарите на кои денеска им гостуваше првпат после 1999 година. За Нотингем кој е 18-ти на табелата, бодот е значаен во битката за опстанок.

Ова е голот на домашните:

- Оглас -

Најнови вести