10.8 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Слот: Ќе разговарам со Салах, нема причина да не сакам тој да остане во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, рече дека денеска ќе разговара со напаѓачот Мохамед Салах пред да одлучи за неговото враќање во тимот откако го изостави од натпреварот од Лигата на шампионите против Интер.

Египќанецот, кој беше изоставен од почетниот состав на три последователни натпревари, ги нападна клубот и Слот. По ова, Салах не беше со тимот на патувањето во Италија, а проблемот за него е што Црвените победуваат кога тој не е во составот.

„Денес ќе разговарам со Мо, а исходот од тој разговор ќе одреди што ќе се случи утре. Немам причина да не сакам да остане во тимот“, рече Слот на прес-конференција.

Утре во меч од Премиер лигата, Ливерпул ќе игра дома против Брајтон, а по тој дуел, Салах ќе му се приклучи на националниот тим на Египет, со кој ќе игра на Африканскиот куп на нациите.

Инаку ако дојде до разделба на Салах и Ливерпул, клуб од Саудиска Арабија е тука спремен да го откупи напаѓачот на Ливерпул и му понудил плата дури од 2,8 милиони евра неделно (приближно 145 милиони евра годишно).

- Оглас -

Најнови вести