35.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Слот: Кога беше 2-2, знаете кој фудбалер го барав да влезе во игра, Диого Жота

Премиерлигашкиот спектакл започна со вистинска голеада. Ливерпул пред своите навивачи на „Енфилд“ славеше над Борнмут со 4-2. Но, триумфот овојпат имаше многу подлабоко значење.

Ова беше првиот официјален меч на Црвените на домашен терен по трагичната загуба на Диого Жота, што ја обои вечерта со силни емоции. Целиот стадион стоечки оддаде почит, а моментите кога се пееше „You’ll Never Walk Alone“ ќе останат засекогаш врежани во меморијата на присутните.

По мечот, менаџерот Арне Слот тешко ги криеше чувствата:


„Денес не зборувавме само за фудбал. Беше неверојатно колку моќно изгледаше оддавањето почит. За една година овде сум го слушнал рефренот на химната безброј пати, но никогаш не било толку силно. Им кажав на играчите… во ситуации како оваа, кога при 2-2 остануваат дваесетина минути, секогаш прво барав кон Жота. За жал, знаев дека нема да го најдам.“

Трагедијата која ја потресе фудбалската јавност се случи кога Жота заедно со брат му Андре Силва го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија, при враќањето од одмор на подготовките на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести