Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази изненадување од изјавата на Мохамед Салах дека клубот „го фрлил под автобус“ и дека е незадоволен од својот статус на „Енфилд“. По реакцијата на Египќанецот, холандскиот стратег одлучи да го исклучи од составот за утрешното гостување кај Интер во Милано.
По слабата низа резултати оваа сезона, Ливерпул утревечер ќе гостува на „Џузепе Меаца“ во рамките на Лигата на шампионите, но натпреварот доби непријатна воведна нота бидејќи Слот реши да не го вклучи Салах на списокот патници за Италија.
Холанѓанецот досега молчеше на оваа тема, но вечерва на прес-конференција првпат проговори и го изнесе своето гледиште.
„Не ја очекував ваквата изјава од Салах, имајќи предвид како тренираше и како се однесуваше последните денови, апсолутно не. Мојот став во врска со неговите зборови е многу јасен! Доволен доказ за тоа е фактот дека тој вечерва не е со нас во Милано“, изјави Слот пред утрешниот дуел со Интер.

