Слован ќе „настрада“ во Мадрид, Арсенал и Милан се сигурици

6018 Атлетико Мадрид – Слован Братислава (18.45)
Шпанскиот гигант е во голгетерска форма и тоа вечерва ќе го почувствува и Слован Братислава, кој делува залутано во Лигата на шампионите. Очекувањата се дека Атлетико ќе победи убедливо и дека ќе води и по првото полувреме.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.05)

 

6014 Милан – Црвена ѕвезда (21.00)
Милан е голем фаворит против Црвена ѕвезда. На тимот на Пауло Фонсека победата му е повеќе од потребна во ЛШ, а Црвено-белите досега редеа порази на европските гостувања.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.68)

 

6017 Арсенал – Монако (21.00)
Арсенал на домашен терен игра против Монако и се очекува сигурен триумф на Топчиите. Предлогот е дека ќе биде изразен и со три гола на овој дуел.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.81)

 

6012 Јувентус – Манчестер сити (21.00)
Манчестер сити е далеку од најдобрата форма, но потребна им е победа на овој меч во Торино. Јувентус ретко губи на домашен терен, па се очекува дуел на којшто ќе има голови. Нашиот предлог е еден од три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.01)

 

6013 Борусија Дортмунд – Барселона (21.00)
Се очекува отворен натпревар со голови на двете страни. Двете екипи играат напаѓачки фудбал и сигурно дека нема да отстапат од тој стил и на вечерашниот дуел.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.61)

- Оглас -

Најнови вести