Водечкиот ски-скокач во Светскиот куп, Домен Превц, ја освои првата од четирите станици од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ која се одржува по 74-ти пат.
Брилијантниот Словенец славеше пред сонародникот Тими Зајц, но подоцна Зајц беше дисквалификуван поради несоодветна должина на опремата (ногавицата му била подолга за три милиметри), па Австриецот Даниел Шофениг е втор со 17,5 поени помалку од победникот. Германецот Феликс Хофман го комплетира подиумот по шокантната дисквалификација на Зајц.
Турнеата се сели во Гармиш-Партенкирхен, каде што скокачите ќе се натпреваруваат на 1 јануари.
Словенците досега немаа прва победа на скокалницата во Оберстдоорф, а Примож Петерка засега e единствениот Словенец кој триумфирал на турнејата. Превц има пет победи на последните шест натпревари.

