Селекторот на словенечката фудбалска репрезентација, Матјаж Кек, најавува тежок натпревар против Македонија в недела вечер, а од нашиот национален тим, најдобро ги познава Стефан Ристовски и Дарко Велковски, кои ги тренираше во Ријека.
Кек после ремито на гостувањето кај Израел, смета дека Словенија заслужува поддршка од публиката и побара трибините на „Стожице“ да бидат исполнети.
„Мислам дека момците заслужуваат голема поддршка. Секој бод на гости е добредојден, а пред нас е тежок меч. Македонците добија крилја после победата над Летонија и имаат голема самодоверба. Тое се тим со добра резултатска серија, а имаат феноменални индивидуалци, особено во нападот. Добри ги познавам Ристовски и Велковски, бидејќи сум ги тренирал. Нè чека тежок противник“ – изјави Кек.