Словенија доби нов фудбалски првак!

Олимпија Љубљана со 2:0 го победи Марибор во дербито на словенечкото првенство, со што беа решени сите дилеми околку фудбалскиот шампион во оваа земја. Со овие три бода Олимпија стигна до 69 бодови, дури 15 повеќе од Марибор, а бидејќи до крајот има само уште пет кола, јасно е дека шампионскиот трофеј е за тимот од главниот град на Словенија.

Пред крајот на првото полувреме Олимпија стигна до предност од 1:0, а сите дилеми околу победникот беа решени во 76 минута кога Олимпија стигна до предност од 2:0 што на крајот се покажа како конечен резултат.

За Олимпија ова е седума титула во првенството на Словенија, прва по пауза од пет години.

- Оглас -

Најнови вести