Словенија е чудо, по 90 минути не загуби ниту од Португалија

Репрезентацијата на Словенија покажува дека игра фантастично и е опасен ривал за кој било противник. Откако во групната фаза Словенците ремизираа против Англија, Данска и Србија, сега и во осминафиналето, по регуларни 90 минути игра е нерешено.

Португалија беше голем фаворит пред мечот, но Кристијано Роналдо и другарите не успеаја да го најдат патот до мрежата на голманот Јан Облак, па мора да се играат дополнителни 30 минути.

Во текот на целиот меч Португалија напаѓаше, Роналдо упати неколку шутеви, но ниту еднаш не успеа да се израдува против Облак.

- Оглас -

Најнови вести