Репрезентацијата на Словенија со перфектен учинок од три победи ја заврши првата фаза од Европското ракометно првенство во Германија. Во дербито од третото коло, Словенците во драматичен финиш ја победија Норвешка со 28:27. Со овој триумф, Словенија пренесе два бода за главната групна фаза, додека Норвешка ќе влезе од нула.
Голманот на Словенија, Урбан Лесјак е херојот на мечот успевајќи да има и некои чудесни одбрани. Во последниот напад Норвешка имаше шанса да израмни, но тоа не се случи.
https://twitter.com/i/status/1746999306966475184
Еден гол го реши победникот и на дуелот меѓу Шведска и Холандија, а на крајот се радуваа Швеѓаните со 29:28. Единствено немаше драма на мечот меѓу Данска и Португалија, а на крајот Данците победија со убедливи 37:27.