Словенците и Исланѓаните „грмат“ по судиите, сметаат дека Хрватска има голема помош

Еден од домаќините на Светското ракометно првенство, селекцијата на Хрватска, се пласира во четвртфиналето откако во последното коло со 29:26 ја победија Словенија. Изненадувачки на стартот Словенците поведоа со 5:0, но во вториот дел Коцкестите направија пресврт и тоа беше доволно да се пласираат во нокаут-фазата и да останат во борба за медал.

По мечот, селекторот на Словенија, Урош Зорман, имаше забелешки на делењето на правдата од страна на судиите од Чешка.

„Никој не очекуваше дека толку добро ќе го отвориме мечот, но потоа, за жал, не издржавме во второто полувреме. На крајот тука не одлучуваше само ракометот, момците беа одлични. Нема да трошам зборови за судиите, нема ништо да промени. Мислам дека можеме да си заминеме дома со кренати глави“, рече Зорман, чија репрезентација на крајот го освои 13-тото место на планетарниот собир.

Освен Словенците, забелешки на судењето имаше и од Исланд, кој за малку извиси да не игра во четвртфиналето на СП. Посебно лути беа фановите од Исланд, кои сметаат дека Хрватска имала голема помош од судиите.

„На Хрватска ѝ помогна тоа што играа девет на седум“, „Судиите им помогнаа“, „Ракометот никогаш нема да биде сериозен спорт додека ИХФ не го реши прашањето околу судењето“, беа само дел од коментарите на исландските навивачи.

Во четвртфиналето на СП ќе играат: Хрватска – Унгарија, Франција – Египет, Данска – Бразил и Португалија – Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести