Словенците како на скијање, а играа фудбал – Зајц со петица ја круниса слалом-акцијата против Црна Гора (Видео)

Миха Зајц постигна прекрасен гол со петица против Црна Гора на пријателски меч, а целата акција на Словенците за водечкиот погодок во 42. минута беше прекрасна.

Поранешниот соиграч на Елиф Елмас во Фенербахче реагираше велемајсторски и даде фантастичен погодок, а слаломот на Словенците до шеснаесетникот на Црна Гора беше импресивен.

Целата акција и голот на Зајц можете да ги погледнете ОВДЕ.

Словенија ја победи Црна Гора со 1:0, токму со тој гол на Зајц и има одлична серија од пет меча по ред без пораз.

 

 

- Оглас -

Најнови вести