12.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Словенците шокирани од тоа што изјавил Пандев

Селекторот на Словенија,  Матјаж Кек синоќа веднаш по мечот го призна поразот од Македонија. Кек потенцираше дека Македонија бил подобар противник и дека заслужено победи.

Македонија стигна до четвртата поведа во шестиот меч против Словенија, покажувајќи дека одлично играме против овој ривал. И покрај тоа што и традицијата, но и играта од синоќа е на страната на Македонија, Словенците се чувствуваат навредено од една изјава која ја пренесуваат на капитенот на Македонија Горан Пандев.

„Словенија го има Јосип Иличиќ, кој е одличен играч, но нема ништо друго. Остатокот од екипата не е ни близу да размислува да игра на европските првенства. Пред натпреварот реков дека Словенија не е ништо посебно и тоа се потврди.Во ред, тие го имаат Облак, не треба да разговараме за тоа, но голманот никогаш не однел никого некаде“, е изјавата на Пандев која ја пренесуваат словенечките медиуми, а ја оценија како остар напад на нивниот национален тим.

И дел од медиумите во регионот ја пренесуваат изјавата на Пандев, велеќи дека капитенот на Македонија бил многу искрен во тоа што го изјавил.

 

 

- Оглас -

Најнови вести