Кек: Македонија заслужено победи

Селекторот на Словенија, Матјаж Кек го призна поразот, велејќи дека Македонија одиграла многу подобро на овој меч.

„Честитки за Македонија на заслужената победа. Повеќе од заслужен триумф. Ние бевме преслаби за да се надеваме на триумф. За три меча имаме нов меч и треба да се подготвиме. Во првото полувреме имавме повеќе шанси, но не погодивме. Сепак, колективно бевме преслаби. Ако против Полска славевме благодарение на тимската игра, вечерва загубивме бидејќи сите беа слаби. Жал ми е што ги разочаравме нашите навивачи кои дојдоа во голем број да не бодрат, но останаа разочарани. Македонија покажа дека има квалитетна екипа, рече Кек по мечот, кој додаде дека Словенија е поквалитетна од тоа што одигра вечерва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести