8.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

Случајно или не, домаќините на СП 2026 добија прилично лесни противници

За прв пат во историјата едно Светско првенство ќе се игра во три земји. САД, Мексико и Канада ја имаат честа да бидат домаќини на Мундијалот кој ќе се игра следната година и ќе биде прв со дури 48 репрезентации.

На ждрепката беше јасно дека секој од домаќините ќе биде во група која ќе значи дека ќе играат на домашен терен. Освен предноста на домашен терен, домаќините имаа и среќа во ждрепката, па добија прилично добри групи во кои може да се надеваат и на поминување во нокаут фазата.

Мексико ќе игра на отворањето на Мундијалот и тоа против Јужна Африка, а во група за ривали ги има уште и Јужна Кореја, како и победникот од плејофот во кој се Македонија, Данска, Ирска и Чешка.

Американците ќе играат само против еден европски ривал и тоа ќе биде селекција која ќе игра на Мундијалот преку плејофот, а тоа ќе биде најдобриот од Турција, Романија, Словачка и Косово. САД за ривали ги има и Парагвај и Австралија, што значи дека Американците сигурно ќе имаат зголемен апетит да ја поминат првата фаза.

Од сите три домаќини, Канада изгледа имаше најмалку среќа, но секако дека не се без шанси. Тие ќе играат против Катар, Швајцарија и најдобриот од плејофот во кој ќе бидат Италија, Северна Ирска, Велс и Босна и Херцеговина.

- Оглас -

Најнови вести