19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Службен пораз за Рома поради почетничката грешка

Верона по службен пат го доби дуелот против Рома со 3-0 од премиерното коло во Серија А, иако мечот на стадионот „Бентегоди“ заврши без голови. Поради почетничка административна грешка, раководството на Калчо лигата ја казни Римската Волчица што не ги испочитувала правилата.

Амаду Дијавара, играчот за врска, бидејќи има 23 години, немал право да биде регистриран како млад играч, но во администрацијата на Рома биле невнимателни и не го забележале пропустот иако имало место на списокот за Дијавара да биде регистриран како сениор. Така Рома остана без освоениот бод од мечот во кој Дијавара дури беше и стартер.

Наместо со бод, Рома ќе тргне од „нула“ во второто коло, во кое ја очекува дерби против италијанскиот првак Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести