Смеч во мрежа – Заборави да се пријави за настап на турнир каде ја брани титулата, го спаси тениска легенда

Белгискиот тенисер Давид Гофан направи голем пропуст, но беше спасен од тениската легенда Себастијан Грожан, па ќе игра на турнирот во Монплеје, каде ја брани титулата.

Лани Гофан победи во францускиот град на турнирот чиј директор е Грожан, но направи невиден пропуст и заборави пак да се пријави за учество.

Во пресрет му излезе Грожан кој дополнително му даде вајлд-карта за да може да игра и да ја брани титулата.

„Навистина заборави да се пријави, па откако заврши рокот се сети и побара да игра со специјална покана. Секако дека и ја доби, бидејќи сакаме шампионот да игра на турнирот“, изјави Грожан.

За првпат во Монпелје ќе игра и олимпискиот шампион Александер Зверев, кој е треторангиран на светската АТП листа, па Гофан ќе има тешка задача да ја одбрани титулата на турнирот што ќе почне во понеделник.

 

- Оглас -

Најнови вести