Смешен избор – Шпанците ја згазија Костарика со 7:0, имаат само лев бек во дримтимот на првото коло

„Софаскор“ е една од најпознатите фудбалски страници на светот, но сега се посрамоти со изборот на дримтимот на првото коло на Мундијалот во Катар.

Шпанија, која ја декласира Костарика со 7:0, има само еден фудбалер во идеалниот тим, и тоа левиот бек Жорди Алба, што е чудно за тим што постави личен рекорд на Мундијалите со најубедливата победа во историјата на Црвената фурија.

Белгија, која одигра многу слабо и незаслужено ја победи Канада со 1:0, има двајца играчи, односно голманот Тибо Куртоа заслужено и Тоби Алдервејрелд.

И Англичаните се оштетени само со еден играч, Бакајо Сака, иако одиграа фантастично и го победија Иран со 6:2.

Еве го изборот на „Софаскор“, кој и според коментарите на социјалните мрежи е контроверзен.

 

- Оглас -

Најнови вести